мај 18, 2026

Двегодишната ќерка на НФЛ играчот на Тампа Беј Баканерс Шекил Барет се удави во базенот во семејниот дом, соопштија властите.

Полицајците добиле повик дека Араја, најмладата ќерка на Шекил Барет, паднала во базенот околу 9:30 часот по локално време. Потоа била пренесена во болница во Тампа, Флорида, каде била констатирана смрт, јавува Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, но дека ништо не укажува на сомнителни околности на смртта.
„Трагичната вест ги скрши срцата на сите членови на семејството Баканерс. Се молиме за Шек, Џордана и целото семејство Берет во овој незамисливо тежок период за нив. Знаеме дека ниту еден збор не може да даде утеха во вакво време, но сакаме да кажеме дека сме со нив“, се вели во соопштението на клубот, пренесе Екипа.

Американските медиуми објавија дека девојчето за време на роденденската забава паднала во базен и се удавила, а и покрај брзата реакција на возрасните кои веднаш ја извлекле од водата и повикале лекари, таа не можела да се спаси.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK