мај 18, 2026

Главниот бугарски обвинител Иван Гешев патувал со семејството во моментот на нападот на неговата колона, јавува агенцијата ПИК.

Гешев кратко и изјави на новинарката: „Добро сум. Се плашам за децата!“

Експлозијата се случила околу 11:45 часот на патот Софија – Самоков.

Според информациите на ПИК, покрај обвинителот, во колоната биле и неговата сопруга Детелина Ханчева и нивните ќерки Ивет и Далија.

Експлозивната направа експлодирала пред еден од автомобилите во поворката на јавниот обвинител. И покрај првичните информации дека е повреден обезбедувач на Иван Гешев, главниот секретар на МВР Петар Тодоров соопшти дека нема повредени.

Бугарските служби во текот на вчерашниот ден соопштија дека најверојатно се работи за обид за атентат на Гешев.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK