мај 18, 2026

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело даночна измама по член 279-а став 2 и член 22 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Како што денеска соопштија од Управтаа за финансиска полиција, пријавените физички лица, во својство на управител, односно овластен сметководител на пријавениот правен субјект, со намера да стекнат противправна имотна корист, во текот на 2017 и 2018 година до Управата за јавни приходи, поднеле три даночни пријави со лажни и невистинити податоци за износот на влезен промет и износот на влезно ДДВ, врз основа на кои ДДВ пријави извршиле неоснован поврат на ДДВ во корист на пријавениот правен субјект во вкупен износ од 14.507.184 денари, за кој износ го оштететиле Буџетот на Република Северна Македонија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK