мај 18, 2026

Војвотката од Сасекс Меган Маркл покажа нов изглед кој многумина ги потсети на Кејт Мидлтон, а за таа прилика ја промени и фризурата.

 

 

 

Маркл дебитираше со елегантно исправена фризура кога се појави преку видео врска на ТЕД, а говорот на нејзината пријателка фотограф Мисан Хариман за време на викендот, предизвика шпекулации меѓу публиката која сето тоа го испрати и на социјалните мрежи.

 

– Тажната Меган Маркл сака да биде Кејт Мидлтон – напишал еден корисник на Твитер, прашувајќи дали поранешната актерка сменила повеќе од само  фризурата.

 

Друга тврдела дека Маркл ја променила бојата на очите за да личи на Кејт.

 

– Боже. Меган Маркл, која е љубоморна и опседната со принцезата од Велс, носи контактни леќи за да изгледа како Кејт.

 

„Изгледа дека се обидува да личи на Кејт… но тоа нема да се случи“, огорчено твитнала друга.

 

– Меган немаше пластична операција. Се работи за осветлување, агли и контурирање. А зацрвстувањето на косата е нешто што го прават многу црнкињи – пишува NY Post коментар од обожавателка.

Некои коментатори се убедени дека Меган сакала да изгледа како холивудска ѕвезда:

 

– Дали сака да биде Џенифер Лопез, Ким Кардашијан или Џенифер Анистон? – пишува во коментарите под видеото.

 

Бидејќи Меган не беше видена во јавноста во последните месеци, многумина шпекулираат дека таа била на пластична операција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK