мај 18, 2026

Шефот на државата Стево Пендаровски месецов ќе добие покачена плата за околу 72.000 денари, па месецов на сметката на претседателот ќе му се исплатат околу 165.500 денари нето, односно 254.000 бруто-плата.

Пендаровски останува на ставот дека е невкусно функционерите да добиваат повисоки плати во време на криза.

Не постои законска основа за да се вратат средствата во државниот буџет. Што се однесува до разликата меѓу старата и новата плата, претседателот Пендаровски ќе ја донира во хуманитарни цели на ранливи категории наши сограѓани. Во однос на покачувањето на платите, претседателот Пендаровски смета дека е потребно да се најде законско решение за намалување на платите и претседателот очекува најбргу што може Владата да излезе со конкретен предлог, велат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.

The post Покачувањето на платата од 72.000 денари Пендаровски ќе ја донирал во Хуманитарни цели… appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK