мај 18, 2026

Русија денеска ја обвини Украина за обид за напад со беспилотно летало врз Кремљ со цел да го убие претседателот Владимир Путин. Ова тврдење го соопшти официјален Кремљ, а истото е објавено од сите руски медиумски агенции.

Кремљ, опишувајќи го инцидентот како „планиран терористички напад“ и „обид за атентат на претседателот на Русија“, сега се заканува дека ќе преземе „одмазднички мерки“.

НАПАД СО ДРОНОВИ | Украина се обиде да изврши атентат врз Путин | Русија најавува жестока одмазда

„Во текот на ноќта Кремљ беше нападнат со беспилотни летала во обид да се убие претседателот Владимир Путин“, потврдија денес од администрацијата на рускиот претседател за руските медиуми.

Кремљ соопшти дека наводниот напад го смета за „планиран терористички акт“ и го задржува правото на одмазда.

Жителите на Москва пријавиле дека слушнале две експлозии зад ѕидините на Кремљ нешто по 02:00 часот по локално време, по што светлата се изгаснале, пренесуваат руските медиуми.

Видео-снимките споделени од жителите на руската престолнина на социјалната мрежа Телеграм го покажуваат инцидентот, додека чад може да се види на небото над Кремљ.

Кремљ вели дека станува збор за „безобразен напад“ од Украина со помош на два дрона, од кои и двaтa се уништени. Нема повредени, објави медиумската агенција ТАСС.

Претседателот на Русија, Владимир Путин не е повреден за време на нападот со украинските дронови. Прес-службата на претседателот на државата појасни дека инцидентот исто така не влијаел на неговиот распоред. Додека, подоцна, портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков извести дека претседателот не бил во Кремљ во моментот на нападот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK