мај 18, 2026

Граѓаните и денес од раните утрински часови се собираат пред училиштето во Врачар, каде оставаат пораки за поддршка, палат свеќи и плишани играчки.

Посебно потресна слика која се појави во медиумите е балетнаки оставени да висат на оградата пред училиштето.

„Тоа едно парче обувка многу зборува – сведочи за неостварениот сон на девојката на која насилно и бил одземен. Тој пар чевли припаѓале на стапалата на идната балерина и нивното место не требало да биде на темната метална ограда, опкружена со цвеќиња и пламени од свеќи за оние кои повеќе не се на овој свет“, напишал новинарот на Телеграф.

За потсетување, вчера загинаа осум ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, а уште седум беа повредени кога во нив пукаше 13-годишен ученик од тоа училиште, кој беше уапсен.

Фото: Никола Томиќ/Телеграф

The post Балетанки оставени на оградата пред училиштето во Белград нем сведок за неоставрениот сон на една девојка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK