мај 18, 2026

Во Полициската станица Битола денеска бил извршен службен разговор со битолчаните А.С. и Р.С. на возраст од 42 и 41 година. А.С. се сомничи дека извршил кривично дело по 144 од Кривичниот законик, односно на социјална мрежа објавил слика со оружје и упатил закана кон висок функционер.

Во разговорот, тој го признал делото и изјавил дека оружјето е на Р.С., соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Во полициска станица, од Р.С. биле одземени една ловечка пушка, ловечки карабин и дозвола за оружје, се наведува во соопштението.

За настанот бил запознаен јавен обвинител.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK