мај 18, 2026

Новинарка, преведувачка и активистка Александра Спасеска, в петок на Саемот на книгата во „Борис Трајковски“, ќе ја промовира стихозборката „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“. Промоцијата ќе започне во 19 часот на Саемот кој ќе трае од 4-10 мај.

Издавач на книгата е „ПНВ Публикации“. Првата стихозбирка на Спасеска содржи шеесетина песни поделени во три циклуси, „Писма до неа“, „Песни за неговата песна“ и „Земање збогум“, како и поговор од Снежана Стојчевска. Книгата низ разговор со авторката ќе ја промовира Јулијана Величковска.

Спасеска (1984) дипломирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност при УКИМ. Работела во дневниот весник „Вест“ речиси до неговото згаснување, а сега е заменичка на главниот уредник во „Кајгана медиа“. Пишува за феминистичката платформа „Медуза“ и авторка е на блогот „Александрина везилка“.

The post Александра Спасеска в петок ја промовира својата прва стихозбирка „Прости песни“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK