мај 18, 2026

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа во 19:00 часот кај место „Рамно“, на шумскиот пат кон Бањашница во општина Чучер Сандево, ги лишиле од слобода К.Ј.(19) од с.Брест, скопско О.Ш.(27) с.Арачиново, скопско.

Како што соопшти МВР, тие биле затекнати со две товарни возила при нелегална сеча на огревно дрво на државно земјиште. Дрвата биле одземени и предадени на претставници од ЈП „Национални шуми“ – Караџица, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведени лица од Арачиново- Полицијата ги фатила како крадат дрва !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK