мај 18, 2026

Патнички воз што сообраќал во утринските часови на релација Гевгелија – Скопје, на железничката станица кај Градско удрил во едно лице, кое починало на самото место. Поради сообраќајната несреќа железничкиот собраќај е во прекин, соопшти Регионалниот ЦУК Велес по информацијата добиена од Македонски железници.

РЦУК – Велес известува дека станува збор за маж кој бил роден 1960 година.

-По пристигнувањето на екипата на Итна медицинска помош од Велес веднаш била констатирана смрт, што настапила од ударот на возот. Јавниот обвинител треба да го потврди тоа, наведуваат од РЦУК Велес.

Од страна на екипи на СВР Велес и Јавен обвинител се уште се врши увид на местото на настанот.

The post Воз удрил во едно лице кај Градско, во прекин железничкиот собраќај на релација Гевгелија – Скопје appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK