Во Полициската станица Битола вчера бил извршен службен разговор со А.С.(42) и Р.С.(41), двајцата од Битола, соопшти МВР.
Како што велат оттаму, А.С. се сомничи дека извршил кривично дело по 144 од Кривичниот законик, односно на социјална мрежа објавил слика со оружје и упатил закана кон висок функционер.
Во разговорот тој го признал делото и изјавил дека оружјето е на Р.С..
Во полициска станица од Р.С. биле одземени една ловечка пушка, ловечки карабин и дозвола за оружје.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
The post Битолчанец со пушка му упатил порака на висок функционер appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
