Прием за Европската кадетска шампионка во традиционално таеквондо
Италија беше домаќин на ЕП во традиционално таеквондо, кое од 17-24 Април се одржа во Лидо ди Јесоло. На првенството настапија 1200 учесници од 34 европски земји, а нашата репрезентација ја претставија 7 натпреварувачи.
Христијана Парулеска стана Европски шампион во борба, сребрена во борба со замислен противник и истовремено е прогласена за најдобра кадетка.
Пехарот и го врачи Руџиеро Ланоте, организаторот на Европското првенство и претседател на Италијанската теквондо федерација, а честитки за престижната награда Парулеска доби и од претседателот на Европската федерација – ЕИТФ
Им посакав на сите натпреварувачи да го следат успехот на Христијана!
На ЕП учествуваа натпреварувачи од три клуба: TTK Ахилиус, ТТК Сонкел, и ТТК Хваринг, а претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаровски не го криеше задоволството од настапот на сите натпреварувачи, особено од трофејот на Христијана.
The post Наумче Мојовски оствари средба со шампионката од Охрид, Христијана Парулеска. appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
