Турската погача со фил може да се послужи како совршена брза вечера, а вкусот ќе ве освои.
Состојки:
800 грама брашно;2 лажички сол;Вода по потреба.
Фил:
300 грама блитва;1 црвена пиперка;2 лути пиперки;150-200 грама шунка.
За премачкување:
200 грама путер;100 милилитри масло + 100 милилитри за премачкување на тавата во текот на печењето.
Подготовка:
Прво замесете го тестото така што ќе го измешате брашното, солта и водата. Ова е тесто без квасец со фил. Тестото поделете го на топчиња и оставете да отстои додека го правите филот.
Потоа направете го филот така што ќе ја искористите блитвата, ситно исечканите пиперки, а потоа додадете ја и шунката.
Првото топче развлечете го што потенко, ставете стопен путер, а потоа над него додадете од филот, па додадете уште едно топче кое претходно сте го растегнале и така додека не го потрошите тестото.
Питата ставете ја во поширока тава, па пржете од едната страна, па од другата.
Постапката на подготовка погледнете ја во видеото:

