Сопственикот на социјалната мрежа Твитер, Илон Маск објави дека ја укинува суспензијата и ги враќа налозите на американските новинари на социјалната мрежа.
„Луѓето зборуваа. На налозите што ја објавија мојата локација ќе им биде укината суспензијата“, напиша Маск на Твитер доцна синоќа.
Европската унија вчера се закани со санкции против Маск, а Обединетите нации предупредија дека суспендирањето на налозите е „опасен преседан“.
Во четвртокот вечерта, Твитер ги суспендираше налозите на десетина новинари кои пишуваат за социјалната мрежа и нејзиниот нов сопственик Илон Маск, меѓу кои и новинари кои работат за Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Си-Ен-Ен и Гласот на Америка.
Твитер не објасни зошто се отстранети одредени налози и историја на твитови. Но, сопственикот на Твитер потоа ги обвини дека споделуваат приватни информации за неговите движења, кои тој ги опиша како „давање координати за убиство“.
Следете не, не има насекаде