мај 18, 2026

Церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс е прва по 70 години. Започнува во 11 часот и треба да трае околу еден час, а меѓу гостите имало и бројни познати личности.

Меѓу првите што пристигнаа беа музичарот Ник Кејв и британската актерка Ема Томпсон, а по нив беше Лајонел Ричи, музичар чиј настап се очекува на концертот за крунисување на Би-Би-Си.

Помеѓу гостите беше и пејачката Кети Пери која во Вестминстерската опатија дојде со уредникот на „Вог“ Едвард Енинфул.

Меѓу познатите кои дојдоа на крунисувањето беа композиторот Ендрју Лојд Вебер, актерките Џуди Денч и Меги Смит и комичарот Стивен Фрај, Дејвид и Викторија Бекам, Стела Макартни, Роуан Аткинсон и Бер Грилс.

The post Кети Пери, Ник Кејв и Лајонел Ричи на крунисувањето во Вестминстерската опатија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK