мај 18, 2026

Принцот Хари е во Вестминстерската опатија, каде што присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс III.

 

 

 

 

Војводата од Сасекс, кој е тука без сопругата Меган, влезе во опатијата со своите братучетки принцезите Беатрис и Евгенија, ќерките на принцот Ендру.

 

Принцот Хари беше облечен во елегантен костум додека разговараше со принцезата Беатрис.

 

Хари, кој повеќе не е активен член на семејството, седи во третиот ред во опатијата со принцот Ендру, принцезите Беатрис и Евгенија.

 

Според медиумите, тој во петокот пристигнал во Британија со комерцијален лет.

 

Тој, наводно, ќе остане во Лондон уште неколку часа по службата, пред да одлета назад во САД за роденденот на неговиот син.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK