мај 18, 2026

Поради изведба на градежни активности за асфалтирање со порамнителен слој на асфалтна маса на улицата „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“, во периодот од 8 до 15 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје информираат дека времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена едната коловозна лента.

-ЈП „Улици и патишта“ – Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, се вели во соопштението.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK