мај 18, 2026

Првата дама на САД, Џил Бајден денеска учествуваше на ручек на отворено, во седиштето на британската влада, по крунисувањето на Чарлс Трети.

Вакви ручеци на отворено се организираат низ цела Велика Британија.

Џил Бајден беше пречекана од британскиот премиер Риши Сунак и неговата сопруга Акшата Мурти. Првата дама на САД им се придружи на десетици други гости во дворот на Даунинг стрит.

Меѓу гостите беа волонтери, украински семејства и младински групи.

Ден по церемонијата на крунисувањето, Британците се поканети да се соберат на излети и ручеци со своите соседи.

Прославата на крунисувањето на Чарлс Трети и неговата сопруга Камила продолжува вечерва со голем концерт во замокот Виндзор.

The post Џил Бајден на ручек со британскиот премиер: прослава во Даунинг стрит по крунисувањето на Чарлс Трети appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK