мај 18, 2026

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно и во вид на невреме.

Времето во следните денови:
Од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец. Врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа) во вторник во југоисточните делови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK