АМСМ информира дека денеска ќе се започне со градежни активности за поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје согласно склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје.
На трасата на која ќе се изведуваат градежните работи, како што е најавено, ќе има времен режим на сообраќај согласно одобрението за измена на режимот на сообраќај издадено од страна на Министерство за транспорт и врски, за што на горенаведената локација ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Се препорачува на сите возачи внимателно да се движат почитувајќи ја поставената сигнализација
The post Ќе се поставува звучна ограда на автопатот Скопје-Тетово appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
