мај 18, 2026

Кети Пери беше главна ѕвезда на концертот во чест на кралот Чарлс Трети. во Лондон. Концертот беше во замокот Виндзор, на кој присуствуваа 20 илјади луѓе.

Новокрунисаните крал и кралица беа расположени, се смееја на шегите, а открија колку длабоко ги трогна крунисувањето и сакаат да им се заблагодарат на сите што се потрудиле да биде толку убаво и гламурозно.

Идната кралица Кејт Мидлтон беше облечена во црвено, но овој пат вниманието го украде пејачката Кети Пери, која се одлучи за златен кринолин со длабоко деколте.

На крунисувањето пејачката беше облечена во розово и беше закопчана од глава до пети. Пејачката беше хит на социјалните мрежи, откако с епојавија видеа како го бара местото каде треба да седи во Вестминстерска опатија, а потоа како се сопнува додека излегува од неа.

The post Кети Пери облече длабоко деколте за новиот крал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK