мај 18, 2026

Родриго Гоеш постигна два гола за Реал Мадрид во саботното финале од Копа дел реј против Осасуна за 2:1 триумф, а во исто време радци влегле во неговиот дом во елитното предградие на Мадрид, Ла Моралеха, јавува „ЕСПН“.

Во неговиот дом немало никој присутен, бидејќи неговите родители биле на трибините во Севилја, следејќи го мечот. Полицијата извршила увид во куќата, но уште не е утврдено што точно било земано од неговиот дом.

Случајот на 22-годишниот Родриго не е редок во шпанскиот фудбал. Домот на Карим Бензема беше обиен во јануари 2022, но и во февруари 2019, додека Касемиро, кој сега игра за Манчестер јунајтед, Иско и Лукас Васкез исто така имале несреќни искуства со крадци во Марид. Во август 2022, поранешниот напаѓач на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг беше нападнат во неговиот дом од банда, добивајќи повреда на вилицата.

The post Родриго ја славел титулата од Копа дел реј, крадци го ограбиле неговиот дом appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK