мај 18, 2026

Дваесет лица се повредени, од кои 12 деца, во несреќа во забавен парк во Русија. Несреќата се случи, откако рингишпилот на кој се возеа за момент се сруши. Едно од децата е во потешка состојба, соопштија од Министерството за здравство на Русија.

Несреќата се случила во саботата на 6 мај, во паркот „Оренпарк“, кога за време на возењето конструкцијата буквално се преполови. Според последните податоци, повредени биле 20 лица, меѓу кои и деца. 15 од нив се хоспитализирани. Од кабинетот на градоначалникот рекоа дека несреќата се случила пореди дефект во механизмот.

„Во несреќата повредени се 20 лица, меѓу кои 12 деца, а осум се испратени на амбулантно лекување. Во болницата во Оренбург хоспитализирани се 12 лица, меѓу кои шест деца. Сите пациенти се прегледани“, стои во соопштението.

Една жена се здобила со повеќекратни повреди и е во критчна состојба. Таа се наоѓа во одделението за интезивна нега. Дете од 10 години исто така е во тешка состојба, додадоа од прес службата. Уште десет пациенти се во тешка состојба и се на лечење на одделенијата за трауми, објаснија од Министерството за здравство.

The post (Видео) 12 деца се повредени откако се сруши рингишпил во Русија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK