мај 18, 2026

Општина Тетово на профилот на социјалната мрежа Фејсбук објави видео на кое се гледа како човек зема од засадените цвеќиња со кои е оформено името на градот. Во информацијата од Кацеларијата за комуникации и односи со јавноста велат дека случајот го пријавиле во полиција.

Снимен како краде цвеќиња засадени на јавна површина во Тетово

-Изминативе денови се забележани неодговорни лица како оштетуваат јавен имот на улиците на градот Тетово. Конкретно, за време на викендот на главната сообраќајница на излезот од градот кон Скопје, едно лице го украло цвеќето кое беше засадено во овој дел, расипувајќи ја глетката на влезот од градот. Општина Тетово апелира до сите граѓани да се грижат за јавниот имот и да го чуваат, бидејќи тој е на граѓаните, соопштија од Општина Тетово.

Воедно во информацијата потенцираат дека сите лица кои ќе оштетат јавен имот Општина Тетово ќе ги пријави како предмет до Секторот за внатрешни работи и против нив ќе бидат преземени мерки.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK