мај 18, 2026

Седмото издание на фестивалот за „Народна музика“, „Припел фест“ ќе се одржи и оваа година во градот под Марковите кули. Закажан е за 1 јуни во домот на културата „Марко Цепенков“, а ќе настапат голем број познати музички ѕвезди од Македонија и регионот.

Како и минатата, така и оваа година, организаторите ветија одлична вечер со квалитетни песни.

„Со нетрпение очекуваме да ви ги претставиме новите песни изведени од најдобрите изведувачи од земјава и странство“, рекоа од Советот на фестивалот.

На сцената во домот на културата „Марко Цепенков“ ќе настапат дваесетина изведувачи, а учеството го потврдија Наум Петрески, Зуица Лазова, Елена Велевска, Адријана Ацевска, Живе Мешуревски и Анастасиа Митровска, Лили Семкова (Бг), Владимир Поповски, Дрим Тим, Благоја Груевски, Алтернатор, Круна, Петар Нечовски, Дани Тик-Так, Даце Николовски, Фортуна, Барбика, Јордан Митев, Ирена Спасовска, Спасе Антевски и Марија Донева.

 

 

 

 

 


The post Цела фолк естрада ќе се собере на познатиот фестивал за народна музика „Прилеп фест“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK