мај 18, 2026

МВР информира дека вчера во 18.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, во присуство на родител, бил извршен службен разговор со малолетник – ученик во средно училиште на подрачје на Кисела Вода, по претходна пријава од помошник директорка на училиштето дека при преглед од обезбедувањето кај него бил пронајден нож.

Ножот бил одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска, пак, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, во присуство на родител и стручен тим од средното училиште во кое учи, извршиле службен разговор со 15-годишен ученик од Скопско затоа што при спроведена акциска контрола во која бил извршен преглед на ученици во повеќе училници, кај него бил пронајден електрошок.

Предметот бил одземен и ќе следува соодветен поднесок, велат од полицијата

The post Нож и електрошок најдени кај ученици во две средни училишта во Скопје appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK