мај 18, 2026

Љупчо Палевски бил фатен со пиштол во близина на тунелите во Демир Капија – Јаворица. Според информациите кои ги пренсе Вечер, Палевски бил затечен заедно со уште три други лица како бараат злато, и се обидел да го фрли пиштолот за кој имал само дозвола за поседување, не и за носење.

Случајот е наведен и во билтенот на МВР.

На 05.05.2023 околу 00.30 часот на земјен пат во непосредна близина на тунели Демир Капија-Јаворица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ од лицето Љ.П.(58) од Скопје одзеле пиштол „Валтер“ калибар 9 мм, кој го носел без дозвола, стои во билтенот на МВР.

МВР во извештајот наведува дека против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK