мај 18, 2026

Нема да се смирам додека не го вратат украденото и додека не одговараат пред законите. Не само победа над нив, туку и одговорност! Мора да има одговорност!, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Македонија не е само нивна, таа е и моја, многу повеќе наша заедничка, на напатениот и горд народ чија самодоверба ја рушат, ја уриваат секоја надеж, за да може полесно да владеат. И затоа, треба добро да знаат
Ова е Македонија, ова е Македонија за сите, Македонија на секој еден човек, моја, ваша, единствена. И дека за Македонија и сите нејзини луѓе ќе ја промениме оваа власт, и дека ќе победиме. И таа победа ќе биде за секој еден човек кој го потурнуваат настрана, кој го обесправуваат, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ додава дека ќе има одговорност за секој криминал, за секоја неправда, за секоја солза на македонската мајка, нејзино чедо и работник на чиј грб тие печалат пари.

Нема да се смирам додека не го вратат украденото и додека не одговараат пред законите. Не само победа над нив, туку и одговорност! Мора да има одговорност!, додава Мицкоски.

The post Мицкоски: Нема да се смирам додека не го вратат украденото appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK