мај 18, 2026

Глумецот Мајкл Џеј Фокс кој веќе со години се бори со Паркинсоновата болст во едно од своите последни интервјуа раскажа како се забавувал со некои од најубавите жени во светот, а не може да се сети на ништо од тоа. Фокс на 29 години му беше дијагностицирана тешката болст, кога почна да го губи паметењето.

Неодамна јавно зборуваше за тоа дека состојбата му е влошена, но и дека и понатаму ќе се бори. Во интервју за „Сандеј Тајмс“, рече дека почнал да заборава и на девојките со кои се забавувал.

„Погледнете ги сите девојки со кои излегував. На некои од нив не можам да се сетам“, рече Фокс и додаде дека излегувал со пејачката од групата The Bangles, Сузан Хофс.

Двајцата се забавуваа во 1986 година, пред Фокс да ја запознае Трејси Полан со која се венчаше во 1988 година. Двајцата до денес се во брак и важат за една од најдолгите врски во Холивуд.

The post Мајкл Џеј Фокс: Се забавував со најубавите жени во светот, а не можам да се сетам на ништо appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK