Тина Мицковска која која четири години беше пиар на Зоолошката, а потоа и заменик директор се уште е вознемирена по смтта на жирафата Каспер, која угина пред некој ден. Лани пак, пцовиса и жирафата Тобого. Тина , ги истетовира на рака и двете жирафи и напиша : Големите џинови со добро срце, засекогаш ќе живеат во мене и на мене. Најсакани Каспер и Тогобо.
Во интревју за Репортер, Тина лани ни рече дека кога почина Тогобо, не можеле со месеци да се смират ни ние вработените, а ни сега угинатиот Каспер. “ Каспер цело време излегуваше од живеалиштето и го бараше Тогобо. Јас мислам дека три месеци немав сила да дојдам тука од што ми беше тешко. Затоа и следната тетоважа ќе ми биде токму тој“, раскажа Тина, на кога животните ѝ се секојдневие,
Скопската зоолошка последниве години стана толку популарна што понекогаш за викенд доаѓаа и по десет илјади посетители. Тина беше едена од водечките луѓе , а за животните од скопската ЗОО наголемо пишуваа и светските медиуми, особено најпрестижните, кои објавуваа слики од беби-бумот кога за кратко време тука се родија 50-ина животни.
За жал, во последно време не е толку идилично во зоолошката во Скопје.
Директорот Зоран Попов рече дека жирафата Каспер веќе со месеци не била во добра состојба. Ова е веќе трета жирафа како пцовиса во Скопската зоолошка. Минатата година пцовиса жирафата Тобого, а во 2014 година уште една која имала само три и пол години. Животниот век им е 25 години.
Според тогашното раководство во Зоолошката, причината беше срцева маана. Зоолошката сега останува со една жирафа.
The post (Фото) Тина Мицковска ги истетовира на рака угинатите жирафи Каспер и Тобого appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
