мај 18, 2026

Колекционери на минијатури ќе одржат изложба во Куманово на 20 -ти мај во Домот за култура „Трајко Прокопиев“.  На настанот посетителите ќе имаат можност да го видат најголемиот избор на die-cast минијатури или метални автомобили во Македонија.

„Ние сме екипа од страсни колекционери на минијатури и со овој настан ние ќе се вратиме назад низ времето со стил на „враќае во иднината“. Овој настан е отворен за сите генерации, така што ве очекуваме со вашите пријатели или семејството, и сите заедно добро да се забавуваме во изложбата на нашите богати колекции. Додека сте на настанот, не заборавајте да се фотографирате со нашите модели и да ја споделите вашата фотографија на социјалните мрежи со хаштагот #DieCastClubKumanovo“, изјавија организаторите Die-Cast Club Куманово.

Влезот за сите посетители е бесплатен. Настанот е со почеток во 15 часот кој ќе трае до 21 часот во Дом на култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.


The post Изложба на метални автомобили минијатури во Куманово appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK