мај 18, 2026

Чувството е поспокојно, ќе можам поспокојно да одам во Северна Македонија, каде ми претстојат судски процеси и се надевам дека ќе завршат некогаш, изјави Христијан Пендиков кој денеска официјално ги доби документите за бугарско државјанство.

Тој се чувствувал позаштитен затоа што знаел дека го заштитува Бугарија и рече дека секој ден добивал закани по животот.

Пендиков планира да се запише на универзитетот во Бугарија, да учи меѓународни односи и човекови права, да заврши и потоа да се врати во Република Северна Македонија, затоа што требало да се бори македонските Бугари да имаат исти права како сите граѓани кои живеат во Македонија.

-Секогаш ќе помагам бидејќи ние сме Бугари од Македонија кои треба да внимаваат еден на друг, рече Пендиков.

The post Пендиков: Ќе учам меѓународни односи и ќе се вратам во Македонија да им помогнам на македонските Бугари appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK