мај 18, 2026

Адвокатот Влатко Илиевски, коментирајќи ја денешната одлука на Уставниот суд дека т.н. „бомби“ на поранешното СЈО, односно прислушуваните разговори остануваат докази за случаите покренати заклучно со 30 јуни 2017 година, смета дека претседателката Добрила Кацарска требало да се изземе од гласањето.

– Таа има пристрасност затоа што ги има прифатено овие снимки како докази и има донесено пресуда која се темели токму на снимките. Кариерата на Кацарска како уставен судија е резултат на оваа пресуда и имала непосредна корист – изјави Илевски за „Република“.

Тој го наведува како пример случајот „Тенк“ во кој е обвинета неговата сопруга Гордана Јанкулоска, каде освен снимките нема друг доказ дека Јанкуловска го поттикнала секретарот Ѓоко Поповски да ја избере конкретната фирма за набавка на блиндираниот „мерцедес“.

The post Судијката Кацарска сама за себе гласаше дека била во право appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK