Милијардерот и сопственик на „Твитер“, Илон Маск, откри дека ангажирал жена да ја превземе неговата директорска функција. Маск кој го купи „Твитер“ во октомври 2022 година твитна:
„Возбуден сум што можам да објавам дека имам нов извршен директор за „Твитер“. Таа ќе почне за шест недели. Мојата улога ќе премине на местото извршен претседател и главен директор за технологија, надгледување на производот и софтверот“, рече Маск.
Засега милијардерот не го откри идентитетот на жената.
The post Жена ќе го превземе местото на Илон Маск во Твитер appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
