мај 18, 2026

На 19-ти мај во Скопје ќе се одржи Статуафест. Оваа година е со слоганот  „Голема брзина на стоење“.

„Живееме во време во кое безглавото брзање кон некаде/никаде стана рутина, односно стана наше секојдневие. Сосем непотребно чувство за сите нас.

Од тие причини и целта на овогодинешниот фестивал за улични живи статуи „Статуафест“ е да му каже стоп на овој непотребен синдром на живеење кој, непокането се всели во нашите животи и стана „Добро утро / Добар ден / Добровечер“ за речиси секој еден од нас. Сакаме суштиснки да ги замислиме нашите сограѓни, а и сите останати кои одблизу ќе го погледнат овогодинешниот „Статуафест“ и да си постават прашање: колку навистина многу кон некаде брзаме?“, стои во објаснувањето на организаторите Театроск.

Уличните живи статуи ќе бидат поставени поставени во најразлилни актови, долж улица Македонија во центарот на Скопје, со што ќе бидат замрзнати во едно место речиси сите карактери на едно обично секојдневие за истите да можат одблизу да се видат себеси како во огледало.

The post „Статуафест“ – уличен фестивал на живи статуи во Скопје appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK