мај 18, 2026

Учебникот по македонски јазик за петто одделение учениците се уште го немаат добиено, а до крајот на учебната година им останува уште неполн месец. Наместо од учебник и натаму учат од наставни материјали пишува Радио Слободна Европа.

„Моето дете, кое е ученик во петто одделение се уште нема учебник по македонски јазик. Знаете кога ќе им го дадат? – Кога ќе завршат со школо, за распуст да си учат. Имаме среќа што имаат добра наставничка, оти до скоро немаа учебници и по други предмети“, вели за РСЕ родител на петтоодделенка во скопско училиште.

Првооделенците пак, пред само две недели ги добија учебниците по предметот Општество.

„Најдоцна пристигна учебникот по општество, иако не гледам дека нешто им недостасуваше на децата, бидејќи наставничката убаво го пренесуваше предметот преку наставни материјали, не гледам дека децата нешто испуштија“, раскажува Кристина, чија што ќерќа е првоодделенка.

Но, проблем вели биле учебниците по македонски и математика кои исто така доцнеа и учениците од прво одделение ги добија дури на почетокот на второто полугодие.

„Кога нема учебник каде што може да пишува е потешко, беа доделени работни листови, практично учебникот беше многу лош, поубаво е да си има учебник за секој предмет, а ова беше се во едно“, додава таа.

Линк до целиот текст.ТУКА

The post Еден месец до крајот на учебната година-Учебници се уште нема !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK