Еден од најпопуларните југословенски фудбалери и сегашен селектор на Србија, Драган Стојковиќ Пикси во емисијата „Мои Топ 11“ со Нешо Петровиќ го избра Дарко Панчев во неговиот идеален тим.
Рече дека е еден од најдобрите фудбалери со кои соработувал, а освен Панчев за во иделаниот тим ги избра и Пантелиќ, Просинечки, Југовиќ, Савичевиќ, Водл, Карлос Алберто Торес, Реница, Сушиќ, Мијатовиќ и Белодедиќ. Најдобар тренер му е поранешниот стратег на Арсенал, Французинот Арсен Венгер.
За потсетување, Пикси настапуваше заедно со Панчев во Црвена Звезда, но замина пред белградскиот тим да стане европски шампион. Играше и во Марсеј со кој Ѕвезда играше во финалето. Пикси неодамна дојде и во Скопје на промоцијата на документарниот филм за Панчев „Патот на Кобра до ѕвездите“.
The post Пикси го избра Панчев во идеалниот тим на сите времиња appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
