мај 18, 2026

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска е ослободена од вината во случајот „Тендери“. Според судот, Обвинителството не докажало надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото. Ослободителна пресуда добија и двете соработнички на екс-министерката.

За одбраната по 6 години постапка, се докажало дека не постои доказ за обвинението кое им се ставаше на товар на обвинетите.

Обвинителството пак вели дека не се задоволни од одлуката на судот, затоа најавуваат жалба со која ќе ја оспорат пресудата.

Како првообвинета Канческа се обвинуваше дека пред објавување на тендерот за градежните работи во Музејот на ВМРО како дел од проектот „Скопје 2014-та“, наложила да се продолжи со градежните работи, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

The post Елизабета Канчевска-Милевска ослободена за случајот „Тендери“ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK