мај 18, 2026

ГОЛЕМО ПОЛИЦИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЗА ДВА ЧАСА ЦИРКУС

Далеку од очите на јавноста, пред само неколку новинари, денес самонаречениот премиер на нивната земја го најави според него отпочнувањето на подготвителните работи за изградба на автопатот Прилеп-Битола, проект кој влегува од еден во друг скандал преку разни злоупотреби.

Иако присутна, механизацијата неколку часа не работеше и само чекаше да дојдат новинарите и делегациите за да на крајно аматерски начин пред камерите одглумуваат дека наводно нешто работат. Но набрзо и на тоа имаше крај по што само по два часа откако заврши целиот настан, тешката механизација беше транспортирана во непознат правец. Тука биле само за сликање!

Мора да се напомене дека целиот настан беше крајно нетранспарентен, немаше изјави за медиумите, а на присутните вклучувајќи ги и новинарите не им беше дозволено да поставуваат прашања со што уште еднаш се докажа дека целата постапка е крајно сомнителна и скандалозна, без вклучување на јавноста.

Левица Л.О. Прилеп

The post ГОЛЕМО ПОЛИЦИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЗА ДВА ЧАСА ЦИРКУС appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK