мај 18, 2026

Одличната сезона на Ленс продолжува, откако и со 10 играчи, успеаја да стигнат до тешка 2:1 победа над Ремс за да се доближат на три поени од Пари Сен-Жермен на второто место на табелата во Лига 1.

Кевин Дансо доби црвен картон по само 19 минути игра, за гостите да дојдат до водство во 23. минута преку Англичанцот Фоларин Балоган со удар од белата точка. Ленс израмни исто така од пенал преку Пжемислав Франковски, за во 55. минута, Секо Фофана да ја обезбеди победата на домаќините.

Иако е тешко да се очекува кикс на ПСЖ во борбата за титулата, со победата, Ленс е блиску до директно место во Лигата на шампиони, бидејќи сега имаат 5 поени пред Олимпик Марсеј на третото место.

The post (Видео) Ленс победи со 10 играчи за да дојде на три поени од ПСЖ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK