мај 18, 2026

Крајно сме разочарани и револтирани од пратениците на СДСМ кои пред неколку дена гласаа против предлог законот за дополнување на законот за Бранители, соопшти денеска Стојанче Ангелов како лидер на партијата Достоинство. Додава дека СДСМ има можност да ја исправи оваа голема неправда која ја нанесе на македонските Бранители од 2001-та преку носење на владина одлука.

На денешната прес-конференција повторно ќе побараме Владата да ја реализира иницијативата на Достоинство поднесена во декември 2022 година и да донесе Одлука за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители како и триесетина воени инвалиди од 2001 година.

Доколку нашата иницијатива биде отфрлена, Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ.
Слушнете само неколку реченици од таткото чиј син е изгорен кај Вејце. Ова семејство до ден денес сеуште е необесштетено. Иако таткото со скршен и огорчен глас лично мене ми повторуваше, нам не ни требаат никакви пари, вратете ни ги нашите синови, иако ниту едни пари на светот не вредат колку животот на било чиј син, ние како држава сме должни да ја исправиме оваа неправда и на сите необесштетени семејства на загинати бранители како и на триесетината необесштетени воени инвалиди од 2001-та да им исплатиме праведен надомест на нематеријална штета, вели Ангелов.

The post Стојанче Ангелов најави напуштање на владата: Крајно сме разочарани од СДСМ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK