мај 18, 2026

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче преку објава на Фејсбук сподели успешна приказна од Клиниката за неврохиругија каде работи како хирург, за спасувањето на животот на шестмесечната Амра.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
-Амра е шестмесечно бебе која издвои победа во важна животна битка. Вистинска мала хероина, во моментов моја најмала пациентка на Клиниката за неврохирургија, која се избори со тешка операција. Амра сега ќе има нормален раст и развој. И посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа, напиша Филипче.

По напуштањето на министерската функција проф. доц. д-р Венко Филипче продолжи да работи како професор и хирург на Клиниката за неврохирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а е посветен и на хуманитарни активности.

The post Д-р Венко Филипче сподели убава вест: Шестмесечната Амра по тешката операција ќе има нормален раст и развој appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK