мај 18, 2026

Македонскиот народен театар со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, а во режија на Јордан Симонов и изведба на актерот Александар Микиќ, ќе учествува на 24. Интернационален театарски фестивал на монодрама во Битола. Претставата ќе се одигра на 15 мај во Центарот за култура.

Фестивалската програма ќе започне на 12 мај, а во неа ќе учествуваат професионални актери од Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија и Македонија. Ќе бидат изведени тринаесет монодрами, од кои три од Македонија, а две ќе бидат надвор од програмата.

„Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродавани претстави од репертоарската програма на МНТ, а овој пат на Фестивалот ќе биде одиграна со публика на сцена, како и со титл на англиски јазик.

Жири-комисијата годинава ќе биде во состав со Нина Мазур која на состанокот на УНЕСКО е изгласана за потпретседател на интернационалната монодрама, актерот и режисер од Бугарија Николај Урумов и глумецот Сашко Коцев, известија од фестивалот.

The post „Торонто експрес“ учествува на 24. Интернационален фестивал на монодрамата во Битола appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK