мај 18, 2026

Преполни контејнери, па дури и затрупани тротоари е редовна појава во општина Ѓорче Петров и истоимената главна улица.

Сепак вечерва проблемот со сметот е најизрзен во населбата Дексион, на излезот од Скопје каде за да можат да се движат по тротоар, пешаците буквално мора да поминат низ мини депонии веднаш до контејнерите или пак да ризикуваат и да одат по самата главна улица.

Жителите од околните улици посочуваат дека последните месеци ова е секојдневна глетка, а освен на несовесните граѓани, вината за ваквата лоша состојба ја лоцираат и кон неажурноста на општинската и градската власт.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK