мај 18, 2026

Тимот на Студентски центар направи неверојатно изненадување, најголемо оваа сезона во АБА лигата, откако го победи Партизан во Белград со 83:84 во првиот меч од четврт-финалната серија. Гостите од Црна Гора одиграа фантастичен меч, а Кевин Пантер на крајот не погоди шут за победа.

Звонимир Ивишиќ беше човекот на одлука, тој го блокираше Лесор, потоа имаше забивање, а го реализира и дополнителното слободно фрлање за предност од 83:84. Ивишиќ со 22 поени и 13 скока беше најефикасен кошаркар на мечот.

Вториот натпревар се игра в четврток во Подгорица, а Партизан и понатаму е голем фаворит во оваа серија.

The post Сензација во АБА лигата: Студентски центар го победи Партизан во Белград appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK