мај 18, 2026

МВР за МИА информира дека демиркапијците кои изутрината беа најдени со прострелни рани во нивните домови се на возраст од 72 и 34 години.

– Денеска во 06.50 часот во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во нивните домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итна медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид, соопштија од МВР.

Убиство и самоубиство ја потресе демиркаписката и Тиквешката јавност.

Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за МИА дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

Според првичните сознанија, повозрасниот демиркапиец по претходна расправија пукал во соседот што живеел над него во зграда, па се самоубил.

ОЈО Кавадарци се уште врши увид во зградата во која се пронајдени тела на две починати лица. Се преземаат дејствија за испитување на настанот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK