Професорот Атанас Кочов од Машинскиот факултет, кој е еден од кандидатите за нов ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, кажа дека ќерка му била одбиена од УКИМ каде што конкурирала за работа.
-Ќерка ми студираше и магистрираше во Манчестер, а живее и работи во Македонија. Неколку години работи во приватна фирма. Од УКИМ ја одбија за работа со образложение дека не знае англиски јазик. Така стои и во билтенот, а таа магистрираше и ќе докторира во Манчестер, кажа Кочов во емисијата „Стадион“.
Кочов посочи дека од 2012 година државата вложила милиони евра во студенти од Македонија, но никој од нив не работи на УКИМ.
The post Професорот Кочов: Ќерка ми која магистрираше во Манчестер ја одбија од УКИМ со образложение дека не знае англиски јазик appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
