Канадската инфлуенсерка Сем Кутлер, на Тик ток сподели дека за време на свадбата гостите ги нудела со таблети против надуеност и зеленчук. Рече дека нејзината исхрана се базирала на здрав живот и здрава исхрана, а исклучок не направила ни за нејзината венчавка.
„Денот го започнав со големо смути од зеленчук, а потоа кумата ми даде малку од нејзината салата додека се подготвував“, рече Сем во видеото со наслов „Што јадев на денот на мојата свадба“.
Додека се подготвуваа заедно со кумот и деверушите, на девојките им беше послужена голема чинија со сиров зеленчук, а по прославата ги почестија со остриги и специјалитет од авокадо. Како предјадење на гостите им беше послужена салата со леб без глутен од страна.
The post Инфлуенсерка на свадба ги служела гостите само со зеленчук и таблети против надуеност appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
