Видео од скопски матурант качен на кров на кола на која игра и покажува среден прст на полицијата кружи на социјалните мрежи. Дечкото е сниман пред хотелот „Александар палас“, додека игра во транс и покажува среден прст на полицаецот. Од МВР велат дека веќе го утврдиле неговиот идентитет и дека заради недоличното однесување на јавно место, ќе биде повикан во полициска станица во Карпош, а против него ќе биде поднесена соодветни прекршочна пријава. Реакции и коментари има и од граѓаните на социјалните мрежи за простачкото однесување на ученикот кој матурирал.
The post (Видео) Скопски матурант качен на кола им го покажа средниот прст на полицијата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
